Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев сосема очекувано разочаран по синоќешниот пораз од Данска (0-3) во третиот натпревар од првиот турнир во групата А од Европската сребрена лига.
Данците по таа победа се на чело на групата, па со значително поголема самодоверба ќе го очекуваат вториот турнир на која се домаќини од 28. до 30. мај.
„Навистина сум разочаран поради поразот. На вториот турнир сега во Данска не смееме да ги повториме истите грешки. Мора добро да анализираме и да се корегираат недостатоците за да не ни се случи како 2018 година кога губевме во групите, па на завршниот турнир дојдовме без никаква самодоверба. Сега во Данска одиме да го поправиме впечатокот и да им се реваншираме за овој пораз во Струмица“ – истакна Ѓорѓиев по синоќешниот пораз од Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА