Ѓоргиев се враќа во Турција, потпиша за Инегол Беледиеспор

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев следната сезона ќе биде дел од турскиот прволигаш Инегол Беледиеспор. Турскиот тим трансферот го потврди и на својата официјална страна.

За капитенот ова ќе биде втора авантура во Турција, откако претходно од 2010 до 2014 година ги бранеше боите на Малаја Мили Пјанго. Покрај во Турција во кариерата Ѓоргиев настапуваше и за екипите на Раднички Крагујевац, Волеј Форли, Парис Волеј, Торај Ароус, Онико Варшава, Осака Блејзерс и Фридрихшафен.

 

Се вчитува...