Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, доби специјално признание за посебни достигнувања во спортот за 2019 година од страна на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) на денешната свеченост на прогласувањето на најдобрите во Македонија за 2019 година.
Ѓорѓиев искрено се заблагодари за признанието посветувајќи го на негови најблиски, соиграчите, пријателите, неговата секојдневна поддршка…
„Искрено се заблагодарувам за оваа награда на АМС. За мене е секако чест што сум дел од најдобрите во македонскиот спорт. Благодарност до моето семејство, благодарност до ОФМ која ни овозможи да дојдеме од трње до ѕвезди, и благодарност до сите соиграчи кои ја заслужуваат оваа награда. Мора да нагласам дека 2019 година беше феноменална година а се надевам дека во ист стил ќе продолжиме и во следната“ – истакна Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА