Ѓоргиев: Среќата не доаѓа сама, треба да ја заслужите…

Македонските ракометари по голема борба славеа над Романија со гол во последната секунда, освојувајќи го третото место во групата кое ќе им донесе на нашите репрезентативци нешто послаб ривал во баражот за СП 2027.

Откако во финишот од претходниот дуел со Португалија среќата ни го сврте грбот, овојпат таа беше на наша страна, па по примениот гол на десетина секунди до крајот успеавме да направиме „вишок“ на крилната позиција и преку Костески да стигнеме до посакуваниот триумф.

„Точно е, имавме среќа денеска, но среќата не доаѓа сама, треба да ја заслужите и напорно да работите за неа. Тоа беше случај денеска, одигравме квалитетен меч, на кој иако дозволивме противникот да се врати сепак заслуживме да триумфираме. Мислам дека одигравме добар ракомет на ова првенство, заслуживме барем една победа и секако чувството е прекрасно кога ќе го остварите тоа. Покажавме дека можеме да се надигруваме со силни противници, дека можеме да победуваме на големите натпреварувања, уште еден доказ дека како репрезентација се движиме во вистински правец“, истакна Игор Ѓоргиев.

Се вчитува...