Македонската одбојкарска репрезентација овој викенд во салата „Парк“ во Струмица ќе разигрува за медал во Сребрената лига откако „црвено-жолтите“ завршија како првопласирани во групата „А“ со пет победи и само еден пораз.
Противник во полуфиналето ќе биде репрезентацијата Хрватска, а овој натпревар ќе биде одигран утре со почеток од 17 часот. Во редовите на нашата репрезентација владее оптимизам, нашите квалитети се поголеми од оние на Хрватите, но многу ќе зависи од самата игра на „спартанците“.
„Нашата цел е освојување на Сребрената европска лига. Имаме квалитет и тоа го покажавме на натпреварите во групите каде завршивме убедливо на првото на место. Утре прв противник ни е Хрватска. Во моментот сме подобри од нив, но се ќе зависи од нас и од играта којашто ќе ја прикажеме. За нас многу значи присуство на публиката во салата и затоа сме многу среќни, бидејќи нашата струмичка публика ја знае и ја препознава одбојката и се надевам дека ќе биде наш седми играч“, вели капитенот Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА