Екипата на Торај со една победа и еден пораз го заврши настапот во регуларниот дел од сезоната во јапонскиот одбојкарски шампионат. Македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев беше во главна улога и на двете средби на својот тим, најпрвин поразот од составот на ЈТ со максимални 0-3, а потоа и триумфот со идентичен резултат над Сакаи.
Ѓорѓиев забележа 20 поени при саботниот пораз, а денeска одигра уште подобро и учествуваше со 25 поени во триумфот над Сакаи. Торај со оваа победа стигна до 44 бода, доволни за второто место на табелата, зад лидерот Тојота.
„Освоеното второ место е одличен пласман што уште повеќе го подгрева оптимизмот пред следните предизвици. Сега следи плејоф фазата во која најдобрите шест екипи во досегашниот дел ќе играат пет кола еден против друг. Најдобрата екипа оди директно во финалето, каде ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу второ и третопласираниот тим. Лани стигнавме до полуфиналето, желбата овојпат ни е да отидеме чекор понапред и да се бориме за титулата. Со големи амбиции влегуваме во предизвиците кои се пред нас“ – изјави Ѓорѓиев за ЕКИПА.
Само за потсетување, најдобриот македонски одбојкар пред неколку месеци го предводеше Торај до историски успех, освојувајќи го пехарот во Царскиот куп на Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА