Ракометната репрезентација на Македонија вечерва оствари победа против Кувајт во рамки на првиот подготвителен натпревар за претстојното ЕП (31-21).
По натпреварот се огласи и младиот Игор Ѓоргиев, кој не го криеше своето задоволство од крајниот исход.
„Во целина сум задоволен од мојата игра и од играта на моите соиграчи, оваа победа е значајна за нашата самодоверба. Советите на нашиот селектор Лазаров особено ни помогнаа во второто полувреме. Ние младите ракометари сме максимално скоцентрирани на овие подготовки, сега за сега се оди според планираното, се надеваме дека на најдобар можен начин ќе ги завршиме и ќе се најдиме на списокот за ЕП“, изјави Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА