Ѓоргиевска: Шпанија е одлична шанса да видиме колку имаме напредувано

Македонската женска сениорска репрезентација означи старт на подготовките за квалификациските натпревари против Шпанија за пласман на Европското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Aвстрија, Унгарија и Швајцарија.

Капитенот на репрезентацијата Елена Ѓоргиевска пред овој меч вели дека Шпанија е одлична шанса да видат колку напредувале.

„Конечно по подолга пауза имаме собир и едвај ги очекуваме мечевите. Имаме два натпревари против Шпанија во кои може да видиме колку сме напредувале и ветуваме дека ќе дадеме максимум. Атмосферата во репрезентацијата е позитивна и тоа е најважно“, изјави Ѓоргиевска. 

Првиот натпревар се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 29. февруари (четврток) со почеток во 18 часот, а влезот е слободен. Вториот натпревар се игра во Ланзароте на 03.03. во 17 часот.

Се вчитува...