Ѓорѓиевски: Не го испочитувавме договореното…

Куманово мора да се задоволи само со четвртфинале во Купот на Македонија откако загуби од МЗТ Скопје со 100-84. „Сино-белите“ од северот на Македонија постојано бркаа негатива на денешниот меч, одиграа добро само во третата четвртина во која постигнаа 32 поени и стигнаа до негатива од еден напад во последната четвртина, но не успеаја да го задржат ритамот до крајот на средбата.

По натпреварот тренерот Ѓорѓиевски не го криеше незадоволството од прикажаното на својот тим за кој рече дека не го исполнил договореното.

„Пред сè мислам дека лошо го отворивме натпреварот. Не се почитуваа договорите од тренинзите. Во второто полувреме влеговме со задача да се вратиме во игра според договореното, стигнавме и до два разлика, но уморот си го даде своето. Немавме доволно играчи за ротација и конечниот резултат е таков“, изјави тренерот на Куманово.

Се вчитува...