Ѓорѓиевски го постигна првиот погодок за Клуж

Македонскиот фудбалски интернационалец, Марко Ѓорѓиевски летово од Силекс премина во редовите на романскиот Клуж.

Тој веќе се запиша и во листата на стрелците за својот нов клуб.

Ѓорѓиевски денешниот натпревар на неговиот Клуж против Слован Братислава го почна од клупата за резерви, но и тоа не го спречи веднаш да се запише во листата на стрелци.

Во победата на романскиот тим од 4-2 тој беше стрелец на последниот гол во 92. минута.

Се вчитува...