Средниот бек Димитар Ѓоргиевски го продолжи договорот со тимот на Бутел Скопје за уште две сезони.
Ѓоргиевски ја игра шестата сезона во суперлигашот Бутел и верува дека може да напредува уште повеќе.
„Решив да го продолжам договорот со Бутел Скопје. Сметам дека тоа е вистинската средина за мене, бидејќи станува збор за амбициозен клуб и мислам дека можам да напредувам уште повеќе“, изјави Ѓоргиевски по потпишувањето на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА