Македноската женска ракометна репрезентација од денеска е на собир во пресрет на бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Германија во 2019 година. Селекцијата на Словенија е последната пречка која стои пред нашите најдобри ракометарки.
„Словенија е фаворит. Ние долго чекавме да имаме противник на ранг кој може да се помине. Ќе биде тешко. Не треба да има некаква еуфорија. Најважен е пристапот во играта. Тешко е тоа што реваншот ќе биде на противнички терен, но најважно е во недела да одиграм најдобро што можеме“ – вели една од најискусните во нашиот тим, Елена Ѓоргиевска.
Селекторот Симе Симовски ќе бара од ракометарките колективен пристап кој според него е едниствениот начин за успех.
„ При извлекувањето на ждрепката Словенија беше посакуван противник. Секако дека во моментов се фаворити, но ние не се предаваме, не одиме со бело знаме, треба да одиграме според догворот. Посакувам добра тимска игра. Анализите што ги правевме покажуваат дека само така можеме да дојдеме до поволен резултат“ – вели на првиот ден од подготвките селекторот Симе Симовски.
Првиот натпревар против Словенките, македонскиот национален состав ќе го одира в недела во Скопје, реваншот е на 6. јуни во Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА