Претседателите на ФФМ и УЕФА, Илчо Ѓорѓиоски и Александар Чеферин ќе ги доделуваат медалите и трофејот на Супер Куп 2017 кој на 8. август се игра на „Телеком арената“ во Скопје, информираат од Европската куќа на фудбалот.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски заедно со претседателот на УЕФА Александар Чеферин ќе ги доделат одликувањата по натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Првиот човек на македонскиот фудбал имаше и средба со претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха, кои беа присутни на првата прес-конференција по повод големиот натпревар кој ќе го организираме во Скопје. Големите ѕвезди на светскиот фудбал повторно ја искажаа увереноста дека натпреварот ќе биде вистински спектакл, а Фудбалската федерација на Македонија и градот Скопје одлични домаќини на настанот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА