Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски во друштво на првиот селектор во историјата на македонската репрезентација, Андон Дончевски го следат натпреварот меѓу кадетските селекции за фудбалери до 17 години меѓу Шпанија и Македонија кој во рамките на квалификациите за ЕП се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје.
Ѓорѓиоски, како што е познато, кон средината на јули поднесе оставка на претседателската функција во ФФМ поради ангажман во УЕФА. Македонскиот фудбал, по неговата оставка, точно три месеци се уште е во очекување на новиот прв човек.
Репрезентацијата до 17 години, пак, игра одличен натпревар против фаворизираните Шпанци. На 15 минути до крајот на натпреварот резултатот е 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА