Фудбалерите на Струга Трим и Лум славеа со 1-0 против Воска во „езерското дерби“ како дел од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига. Струга ТЛ до победата од 1-0 против Воска Спорт дојде со голот на Малески во 88. минута од средбата.
По мечот свое видување даде тренерот Илчо Ѓорѓиоски…
„Задоволен сум од желбата за победа на моите фудбалери. Имавме доминација и можности, но сепак на крајот најважни се трите бода. Имам квалитетен тим и сите покажаа дека се во одлична форма. Со пристапот кој го имаме на последните два натпревари верувам дека ќе можеме да победиме на секој следен меч“, изјави Ѓорѓиоски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

