Македонија со пораз од Белорусија од 30-26 го заврши настапот на Светското првенство во Египет. Поранешниот македонски репрезентативец Горан Ѓоргоноски како гостин во студиото на Македонската радио телевизија, говореше за иднината на македонскиот ракомет и според него што треба да се направи за селекцијата да се врати на старите патеки.
„ Ние од оваа репрезентација мораме да го истрпиме Филип Кузмановски и затоа треба да му се дадат сите можности за тој да се развие и треба да градиме на него во следните четири пет години. Серафимов е тука исто така, Пешевски како најискусен. Тоа што треба да не загрижува е дефанзивата. Бидејќи јас во моментот не гледам многу опции кои што може да ја преземат играта во одбрана. Имаше овде играчи кои што покажаа дека тука не им е местото, без разлика како се викаат. Филип Талески мора да најде решение како да се ресетира. Тој ни е потребен на нас и затоа мора да му се помогне тој ако не е Вардар нека биде друг клуб да игра и да решава ситуации и да се докаже пред себе си“ – изјави Ѓоргоноски за МРТВ.
Тој ја потенцираше голманската позиција како единствена на која ќе немаме проблем во иднина…
„Имаме голмани кои што доаѓаат и како ретко кој на овие простoри имаме квалитетни голмани. Томовски, Кизиќ од Вардар несфатливо се уште не е во тимот, а покажа дека може да брани на високо ниво. Сфаќам да биде во сенка на Борко, но да биде во сенка на Кантрегел навистина не разбирам. Имаме добри голмани. Митревски ќе ги испрати овие голмани, а одлично е што имаме база“, вели Ѓоргоноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА