Ѓорѓоски и Шипинкоски победници на училишната трка во рамките на „Охрид ТрчаТ 2018“

Повеќе од 200 ученици од Основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга и Кичево учествуваа на Училишната трка која е дел од „Трките на различностите“, а во склоп на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Најдобрите и најбрзите на училишната трка ги награди градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, а организираторот ги изненади со бесплатен ваучер за учество на „Охрид трчаТ“ кој ќе се одржи на 3 јуни.

„На наше големо задоволство покрај Основните училишта од Охрид на нашата покана позитивно ја прифатија и Основите училишта од Дебца, Струга и Кичево. Натпреварувачкиот рекреативен дел помина во добра и позитивна атмосфера, што нас како организиратори прво ни дава мотив за предизвиците кои ни престојат во последните денови до главниот настан. Ние како организиратори одлучивме да ги изненадиме најдобрите и да ги наградиме со бесплатен ваучер за учество на „Охрид трчаТ“ – изјави Катерина Бујароска-Ангелеска.

Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2. јуни и ќе биде најава за главниот настан се спроведени од страна на Асоцијацијата „Спорт за сите-сите за Спорт“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ Креативни и Активни од Струга.

ПОБЕДНИЦИ:

Женска конкуренција: 1. Марија Шипинкоска (ОУ Христо Узунов), 2. Драгана Усовиќ (ОУ Христо Узунов), 3. Александра Петреска (ОУ Браќа Миладиновци – Струга)

Машка конкуренција:1. Филип Ѓоргоски (ОУ Христо Узунов), 2. Атанас Куциноски (ОУ Христо Узунов), 3. Климент Филев (ОУ Климент Охридски)

 

Се вчитува...