Гори во Италија: Министерот за спорт побара оставка од сите кои се во Фудбалската федерација на Италија

Италијанската фудбалска репрезентација нема да игра на Светското првенство трет пат по ред, а тоа е горчливата вистина со која се соочува четирикратниот светски шампион.

Еден ден по „хорор“ вечерта во Зеница и елиминацијата од Босна и Херцеговина по изведувањето на пенали во последниот натпревар од плејофот за пласман на Мундијалот, навивачите и јавноста се, благо речено, во шок.

Италијанските медиуми објавија дека синоќа непознати лица го вандализирале влезот во просториите на Фудбалската федерација на Италија, кои биле „бомбардирани“ со јајца, а уништен е и амблемот Федерацијата.

Дури и од највисоките места во земјата, имаше гласови и речиси директиви за отпуштање на најодговорните за дебаклот. Така, министерот за спорт и млади, Андреа Абоди, изјави дека „ќе побара од претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, да поднесе оставка“.

Се вчитува...