Екипата на Горица од Хрватска му се заблагодари на македонскиот репрезентативец Агон Елези за настапите во последните шест месеци. Елези настапуваше за хрватскиот тим како позајмен од германски Бохум.
Сега ќе треба да се врати во Бохум, кој во меѓувреме испадна во 2. Бундеслигата, а можеби тоа е добра шанса за Елези сега да фати место и да биде постандарден во екипата.
Договорот на Елези со Бохум е до 2027 година. Доколку Германците не сметаат на него, тогаш можно е да следи нова позајмица, или, пак, продажба и перманентен трансфер.
Елези во минатото играше и за Вараждин, а претходно беше во Скендербег, Влазерими, и младинскиот тим на Каен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

