Хрватскиот прволигаш Горица отвори „Книга на жалост“ во чест на македонскиот фудбалер Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во страшната трагедија во дискотеката во Кочани.
Лазаров успеал да излезе од „местото на хоророт“, но се вратил за да помогне да се спасат оние кои останале во дискотеката, потоа тој бил пренесен во болницата во Штип, каде лекарите не успеале да се изборат за неговиот живот.
Андреј Лазаров настапуваше за Горица во 2024 година одигрувајќи 14 средби за овој клуб, а хрватскиот прволигаш денеска направи убав гест во чест на Македонецот.
„На градскиот стадион е отворена Книга на жалост за нашиот мил Андреј Лазаров, кој прерано го напушти овој свет. Сите кои сакаат да се запишат во Книгата на жалост, можат тоа да го сторат од денес па се до четврток, на источниот влез на стадионот“, објавија од Горица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА