Горјан Марковски е многу блиску до заминување од Работнички и преселба во редовите на ТФТ, дознава ЕКИПА. Крилниот кошаркар има уште една година од договорот со „центарци“ што го потпиша при трансферот од Куманово, но двете страни веќе извесен период разговараат за предвремен прекин на соработката, со што Марковски би заминал во клуб каде би имал позначителна минутажа.
Целата разврска ја чека ТФТ откако клубот од Тафталиџе веќе разговарал со овој кошаркар и начелно е постигнат договор за соработка. ТФТ загуби значаен домашен играч во ростерот со заминувањето на Костоски во Пелистер, а искуството на Марковски сигурно ќе биде добредојдено за тимот од Тафталиџе, кој и во следната сезона има амбиции за висок пласман.
Останува да се види разврската на преговорите, но се очекува најдоцна до крајот на оваа седмица се да биде договорено и Марковски дефинитивно да ги промени клупските бои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА