Кошаркарите на Голден стејт славеа синоќа во „Оракл арената“ против Сан Антонио со 110-107. Спарси покажаа дека за секого се незгоден противник, па Вориорси успеаја да ги „скршат“ дури во финишот од мечот.
До триумфот ги водеше Кевин Дурант со 37 поени, но сепак мечот мина и во знакот на повредата на најдобриот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари. Уште на самото отворање на мечот, при едно положување страдаше зглобот на Кари.
Во дербито на Истокот, Мајами на домашен терен славеше против Филаделфија со 108-99. Незапирлив беше центарот на домашните Хасан Вајтсајд кој мечот го заврши со 26 поени и 8 скока. На спротивната страна Дарио Шариќ постигна 20 поени.
И дури 30 поени на српскиот кошаркар Немања Бјелица не беа доволни за Минесоа против Бостон. Гостите славеа со 109-117 со 23 поени на Кајри Ирвинг и 20 поени на Ал Хорфорд.
Лесна победа оствари Оклахома над Феникс од 115-107. Расел Вестбрук постигна 27 поени, додека Девин Букер на спротивната страна запиша 30 поени.
Изненадување на вечерта приреди Бруклин кој како гостин го победи Шарлот со 111-125.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА