Селекторот на Србија, Горан Ѓоровиќ, не го криеше задоволството од триумфот, како што рече, против една квалитетна селекција на Македонија која има одличен стратег.
„Мислам дека триумфиравме затоа што добро го отворивме мечот, со прв гол точно на време а потоа брзо ја зголемивме предноста. Допатувавме тука со голема почит за репрезентацијата на Македонија која знаеме славеше убедливо во Ерменија, но ние сме екипа која на секоја натпревар тежнее на победа, па затоа сум многу задоволен од ваква победа против една навистина квалитетна селекција“ – истакна по средбата Ѓоровиќ, притоа дополнувајќи:
„И кај нас и во составот на Македонија има многу нови играчи во однос на оној настап на ЕП во Полска. Тешко е да се каже дали очекував повеќе од македонската селекција, но за мене е подобро што не пружија повеќе. Во секој случај знаеме дека се работи за одлична репрезентација, со одличен тренер, и затоа максимално сериозно му пристапивме на натпреварот, па стигнавме до заслужена победа. Знаевме дека ова е за нас едно од потешките гостувања во групата и затоа игравме со сите сили“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА