Госенс ќе се врати дури следната година

Фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс поради повреда на тетивата ќе биде во аут најмалку до крајот на годината, а можеби ќе пропушти и дел од јануари. Германскиот играч е надвор од терените веќе два месеци, а според италијанските медиуми доживеа нова повреда на тетивата.

Аталанта денеска ја очекува екипата на Венеција. Италијанскиот тим следната недела го чека дуел за директен пласман во 1/8 финалето во ЛШ против Виљареал.

Тој има одиграно 13 натпревари за германската репрезентација.

Се вчитува...