ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 1: Лео Меси ти е ко Арсе Андовски, Роналдо нека не глуми Васил Рингов, нит е убав нит е класа ко Васе

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.

—————————————————————————————————————————————————————————————————————————–

„Мала донеси едно експресце, шеќер не мора те имам тебе хе-хе“. Друже многу разбирам фудбал. Не верувам дека има подобар избор од мене за коментирање „утакмици“ Светско првенство. Па ја сум ти првиот у Скопје кој правел пренос у живо пред зграда на Мундијал 1982, Паоло Роси од затвор коа дојде и ги реши Бразилцине. Каков Мундијал беше тоа. Беше јако и 1974 Тито дојден у Берлин, Западна Немачка, а на теренот Културно уметничко друштво Југославија, па тоа играње ора на центарот на Олимпискиот стадион… еее бато мој времиња беа тоа.

Доста ве млатам со историја да видиме што не чека у Катар. Фудбалот е игра во која играат 11 на 11, а секогаш победува Германија, хахаха да живее Гери Линекер. Шо сакате може да зборите, ама не може „швабите“ да не се меѓу фаворитите. Нема никад калкулација со нив, да можат секогаш ќе те згазат. Не за џабе се рекло немачка машина, ко голф 2 донесен од Франкфурт.

Бразил исто ми е фаворит бато да ме слушаш. Тоа ти е така технички поткована репрезентација секој може гол да ти даде. Па глеј го оној Алисон у Ливерпул што праи небесен скок има ко оној „рошавиот“ Португалец. Едино да ти кажам друже Нејмар не го сакам бе. Фудбал ли е тоа, игра како да ми прости малана шо работи на шанк некое „девојче“. Се него го боли нешо, се некој го тепа. Абе друже да ти дојде Вини Џонс да видиш шо е ќотек. Многу сте размазени децава у мое време немаше такви работи.

Лео Меси играчиште. Не е ко Марадона друже, ама играчиште. Коа ке го видам така мало и набиено ме потсеќа на Арсе Андовски. Какво играчиште беше и Арсе. Португалија си е топ репка исто, ама оној „лепиот“ со стомачните до кога ќе изиграва бе Васил Рингов. Нит е убав ко Васе, нит па знае фудбал ко него. Нека иде таму нека напраи 2000 стомачни и 1000 склека, а не да објаснува Јунајтед биле вакви, биле такви.

И Франција е добра „златен“ иако немаат играчи ко Платини и Тигана, али Дешам е тука каков воин беше. Да ти кажам право ќе навивам за Србија. Браќа ни се бе, а и се знае кој е најбољи фудбалер икада. Па Пикси бе друже. Утакмицана 1990 у Италија коа ги прати Шпанцине по весник и цигари, ееее друже ќе освоевме тогаш СП да ја поминевме Аргентина, него Део она што го промаши, штета. После знаеш друже не растурија ко држава, па Данска освои ЕВРО и така…

„Жабарине“ пак не играат на светско. Епа тоа е, им останува на Паоло Роси и Баџо да се сеќаваат, а и не заслужуваат нешо више. Друже, „драчевчанец“ да ме исфрли од бараж за Светско, па да сум Манчини ќе идам у Пјаченца до крај на живот ќе садам кромид.

Денеска ко шо глеам у билтенов има само еден меч Катар – Еквадор. Од каде бе Катар фудбал? Нека идат таму нека ги пасат тоа камилите, они фудбал ќе ми играле. Да не го земале и тука Шариќ да им брани… Мада читам нешо осум играчи на Еквадор им купиле за да тепаат. Можно е друже сепак Еквадор ти е сиромашна земја. Не ги знам многу Еквадорците ама чим се од Јужна Америка мора добар фудбал да играат бе. Игра ли уше она бекчето од Јунајтед со патецот залижан ко „предратни швалер“? Му фали уше брк и ист Зафир Хаџиманов  кога дојде на Скопски фестивал директно од ЈНА. Е, е Валенсија да, цар невиден. Не игра а? Штета, добар играч, цар.

Него доста ве „тупам“ да идам полека по орасници и пиво и да ја избркам жена ми кај мајка и барем доека трае светско да одморам од фамилија, иако жена не е фамилија хе хе. Се гледаме утре друже пак тука у исто време…

Се вчитува...