Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Тогаш Иранците на своите фудбалски ривали, Американците, им подарија цвеќиња како симбол на мирољубивоста“. (ПРЕКРАСНО).
Друже шо е бе ова у четири дури први утакмици. Па од сабајле сум ти се мрднал не знаев шо да правам да ти кажам право. Не бе не бев до социјално, не можам бе друже кој ќе иде по гужвине со пензионерине. Ќе излезе жена ми од работа ќе ми среди. Него ми текна у сред ден 29. ноември е друже. Абе се сеќавам ко вчера да беше коа бев „титов пионер“. Мила ми е Македонија друже и би умрел за неа, ама Југославија беше држава бе, ова сеа се ти е боранија. Него играш ли шах друже? Јас играм, редовно. Секогаш победувам кога имам што подалеку проекција за следните потези. Колку подалеку проектирам, толку побргу ја добивам партијата. Или во обратна насока, губам… Него утакмиците од четри. Па добро тоа Катар се знаеше боранија… Сенегал тоа се лавови бе изиграа свака час. Абе Аце и до таму да не стигна а? Оној Кулибали друже лидериште… Ти зборев ја уше у Наполи коа играше, многу ми личи на Седло… Да бе Гоце Седлоски, тоа беше лидер у соблекувална. Сум играл и против него коа бев у Цементара ја задњи везни. Од време на време играв и лева полутка у младинци, а он у Победа… Еее какви дерби натпревари беа тоа. Него го пратам и у Шкупи, тренериште Седло, тренериште друже.
Него друже на тема Иран и случувањата во земјана. Го знаеш ли Реза Пахлави? Епа тој друже уствари беше на чело пред револуцијата на Хомеини. Да де тие сеа уше се на власт у Иран. Шиити се тие друже. Млад си ти не се сеќаваш. Пахлави после пребега мислам Велика Британија… Да бе друже читам многу и глеам документарци иам време, невработен. Него татко му на другарче пред револуцијата бил таму, работел… Иран беа со неврзаните тој период. .. Да бе баш коа се родил другаров ’78. Абе ми покажуел фото албум од татко му, абе знаеш шо е албум со фотографии? Добро, да, не си толку млад. И ти викам слики таму со побратимите пепел напраени коа дознал син дека му се родил… Абе друже времиња… Не бе ти реков не ме занима политика чисто онака историски. Иначе за мечот друже па добро беа Америте подобри, оној малион Кришчн добар фудбалер ја ти зборев уше у Дортмунд коа играше. Арен ли е бе, поколението го даде за Есаде… Босата нога островска знаеш не ја коментирам…
Денеска друже го започнуваме чекорењето кон третата титула Светски Шампион, наместени пред тв. Само Аргентина, само Диего, само Марио само Лео денеска друже. Друго боранија нека игра кој сака и шо сака. Ај, се глеаме утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА