ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 12: „Кралот лав“ намерно го утна пеналот и братучедот од Острелија

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Ајде да не го слушаме полскиот селектор и овој дуел да го најавиме како меч меѓу Меси и Левандовски, иако фудбалот не е тенис“. (ПРЕКРАСНО).

Друже да ти кажам право знаев дека Меси тоа нема да дозволи да испадне дека е кец ко крстот на Водно, ама некои работи не можам да ги сфатам. Шо е бе она дување пенали, нели им е срам бе. Оној Макеле џандар шо беше, дај бе друже за оној пенал затвор се лежи. A, го виде Лавот? Господин, друже. Ја фатил Шчесни, немој ти се молам… Испод чест му беше да даде гол од таква ситуација. Намерно зема да пуца и промаши. Не бе друже не даде друг да пуца пошо знаеше децана желби за победа, он зема за да промаши тоа е тоа џентлменство. Него онаа Полска друже, репка ли е она бе? Дај бе ти се молам шо утакмица е она бе играш да изгубиш. Ме потсети Башкими коа играше Европа друже се сеќаваш? Коа не поминаа центар цела утакмица стоеја и после службено си ја добија утакмицата… Незз друже која година беше, одамна беше, али пукна срам… Жал ми е за Мексиканците да ти кажам право друже. Храбро одиграа, не е фер фудбалот. Шо е бе тоа жолти картони да одлучуваат, па нели фудбалот се играше за голови, ова излезе се игра за жолти картони… Б*м ти фудбал, друже… Друже идеме уше четри и Лео е најдобар…

Друже сум му кажуел на девојчено на шанк уше вчера тоа Тунис – Франција ќе биде кец, местена сто посто. Не ја изиграв бе друже викам ќе играм нешо корнери, фаули, жути картони. Него шо им е на судииве бе друже. Па тоа жут картон не дава бе, сите пари ги изгубив ради нив. Не може бе она клучен меч Острелија – Данска три жути само. Сум играл 4.5 на цел меч викам тоа ќе е рат ко на времето Аце наш со Викинзите коа се тепаше. Е како бе, како Аце со Викинзите… Пак ве лажеле нешо тоа комуњарите вас… Него добри острелијанците да ти кажам право. Виде ли како славеа у 3 сабајле у Перт? Да бе иам таму братучед отиде на времето уше. Не бе не сум бил, ме вика, ама кога бе друже тука со работа жена ми знаеш по две смени иде, не можеме да се организираме. Иначе ти зборев лудо славеле таму и нашинци и се. Братучед ми ми се јавуе на „фејс-тајм“ вика брачед ова е и за Маќедонија. Ме изнервира малце да ти кажам право… Му викам да ти беше тебе до Маќедонија ќе пратеше некој долар наваму, него ајде… И ми се налути друже. Абе не може он од таму да ми соли памет мене тука бе, да ми вика за Маќедонија било. Нека си глеа таму тоа кенгурите бе… Ние тука само си знаеме како ни е друже.

Денеска друже Џерманците а? Викаш може и тие да испаднат? Па мислам може, слабо некако и тие, а Јапанцине добри се несреќно изгубија од Костакуртанците. Други кои играат бе? Ау да бе Кроација наша… Абе ради Далмација ја обожавам таа земја… Е колку одмори сме иделе ко млади, една држава бевме друже. Абе на железнички станици сум спиел за да стигнам до Сплит, Дубровник, Макарска, никој не смеел да ме чепне. Сеа страв ни е децана по цигари да ги пратиш. Абе држава бевме друже, сеа се ти е ова банана. Него ај идам ја да зеам кондури едни оставив кај кондураџијата, да видам дали ги залепил. Тоа е друже сиромаштија, се глеаме…

Се вчитува...