Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Еден тензичен натпревар, како затегнати жици на гитара пред да пукнат се и едната и другата репрезентација“. (ПРЕКРАСНО).
Друже да ти кажам право ми го исполнија срцето браќата Хрвати. Многу кејф ми направија шо ги шутнаа оние самобендисаните бриселаши. Нешо тука ние сме Белгија, Европа, ко пауни самобендисани ќе сме освоеле Светско, златна генерација. Ајт чао златциња мои! Оној Лукаку абе друже „нога му се позлатила бе“. Какво дрво е еј… Абе одувек сум зборел уше у Челси коа беше ко „ко*иљ“, абе појма нема тој бе друже. Тоа ти е ко да клаеш даска една у шеснаесе и мавај ја. Мада така имаш повеќе шасни гол да даеш друже ќе глеаш да ја гаѓаш да се одбие ко шо треба, вака очекуваш дека може овој и ќе шутне. Него иам едно другарче од „Радна акција“ у Врање коа бевме ’84, Хрват друже таму е у Доха… Ми праќа фотка, абе денот ми го напраил ги глеам заседнати заедно со некои Срби. Абе друже мој секој ден сакаат да не разделат али нема да им успее друже… Него ме потсети, не ти кажуев, „Дан републике“ коа беше 29. новебар, седам ја „Трибека“ и доѓа Ранко Рангелов маскиран ко Тито… Абе будала е бе со жена ми бевме да се прошетаме, сме се скинале од смеење, абе не е нормално колку е јак… Мароко иначе добар, заслужено се први. Викаат нешо од Хрватска дека Борјан намерно им пуштил гол на Мароко за Хрватите да испаднат, али друже тоа е таа политика шо ти ја зборам шо сакаат немир да ни напраат тука. Врска нема, заслужено си поминаа и Мароко и Хрватска.
Друже шо им се деси на Џерманцине бе, еј лудило да ти кажам. Отидов жена ми да ја изнесам на концерт малу, да бе друже на Битлси бевме, топ си поминавме… Јаки фаци имаше у публика, само елита скопска… И така ги глеам на телефон, шо е бе она Шпањолцине математички прецизно ги од*ебаа. Им се деси на Џерманцине „капутгеганген“ друже. Шпањолците ќе им се врати она шо си бираат противник, остај друже Мароко опасен е. Али ќејф ми се напраи за Јапанците да ти кажам право. Браво! Така се гине за дрес бе, за држава… На крај ги исчистија и Џерманците хе хе… Мене ме плаши тоа шо претходно два пати коа не поминуеше Немачка група беше ’38 и ’18 знаеме шо се деси после… Ајде друже само здравје и мир на светов друже…
Друже Хрватите ни поминава, денеска ќе навијаме за Србија. Мада не знам шо да ти кажам друже, најпоштено таму не се знае кој кого е*е ја да ти кажам. Абе истите прикаски ко Југославија коа бевме. Зошо не може едно големо такмичење да бидат сплотени бе. Види ги Хрвативе бе зошо ние и Србите не се угледаме на нив. Ајде друже ќе навијаме али да ти кажам право не знам шо ќе биде тоа. Него и од 4 ќе биде интересно Гана – Уругвај. Ќе игра ли со рука пак Суки, а? Ајде друже се глеаме утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА