Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„БАЛКАН – Место каде што етничката омраза и шовинизмот се креирани од ‘крволочни манијаци’ кои преку фрустрација на социјалните мрежи, несвесно ја покажуваат само празнината во своите срца“
Друже ај за утакмицине ќе збориме после, друго ми е темата… Знаеш друже ја сум ти космополит и уопште не ме занима политика, али да ти кажам право друже многу сум се разочарал вчера… За*би друже фудбалон и осминафиналињата… Читам коментари по социјални мрежи после Србија и Швајцарија и се срамам самиот од себе. Абе на Балканов, врти-сучи сите сме бе друже едно исто – најблиски што се вика, а очи ќе си извадиме бе…
Абе друже ја иам другари и Артим и Милош и Хрвоје и Јанож и Фарук и Бојко и Јорго и Стојан… Шо е бе она бе друже…? Срамота … Нели бре сите по Балканов сме гостољубиви, питоми и мирни, а онакви муабети на што личат бе?… Абе друже Швајцарија – Србија беше една од најбољи утакмици на Свецково, а на крај оние со неконтролиранине вулгарности на терен од двете страни не натераа да заврши со тоа кој на кого му рекол ши*тар или кој на кого му рекол ч*тник, у*таш, к*ур. Нели и нив, као ‘ѕвезди-спортисти’ на терен, и на нас ни е срам од самите себе бе друже…? Па јас да направам или напишам нешо такво нема да можам децата да си ги погледнам у очи бе… Омразата секогаш трга од самиот себе… Ако мразиш некого, тогаш се мразиш и самиот себе…
Ај може еден ден ќе се освестиме. Туку, нешо сакав да прашам… Ете баш гледам по мечот славење по Македонијава што тепала Швајцарија!? Па, сакав да прашам бе друже тоа значи дека конечно станавме ли Швајцарија на Балканот? Да не треба сега и Швајцарци у устав да ставаме? Оти у попис ги нема, ама вака по улици изгледа многу ги има!? Туку, ај, политика не ме занима…
Друже шо ти реков вчера, многу разбирам фудбал. Па се знаеше друже дека Обединетите Американски Држави не можат нишо против Нискоземјашите друже… Друже Холанџаните ти го имаат измислено тоталниот фудбал, како да ти кажам везеа вчера. Она бекчено на Дени Блинд малиот страва. Абе друже го среќавам Панчич пред едно десетина години и ми вика друже само ти и Дени ме имате стаено у џеб на утакмица… Се на се друже очекувано…
Аргентина друже тепаше со „кенгурине“, али да ти кажам право ако освојат Свецко, Меси не најбоље фудбалер, треба да го прогласиме и за најдобар кошаркар, ракометар, атлетичар, пливач, шахиста на сите времиња… Шо е бе она друже…? Зима дрибла еден, двајца, тројца им додава на оние лепине кои утнаа се шо може и се шо не може да се утне бе друже… Ќе видиме Аргентина – Холандија, ќе биде јако, Кројф против Кемпес… Еее друже децата ми се викаат Марио и Јордан шо мислиш како ги добија имињата…
Денеска друже Франција ќе ја добие Полска, ја ги сакам Полјаците, братучеди ни се, али многу боса репка друже, многу… Она Енглеска – Сенегал мислам ќе биде добра утакмица друже сакам да ја погледнам, мислам дека ќе биде интересна… Ајде друже се глеаме утре, се надевам ќе бидам боље расположен, разочаран сум друже и од себе и од сите… !
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА