ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 18: Адиос калкуланти, клупата на Рочо, Гоце Арнаудов и Џеј Рамадановски

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Пропаднаа гемиите на шпанските фудбалери, како гемиите на реката Вардар кои требаше од Скопје да отпатуваат за Велес“. (ПРЕКРАСНО) 

Друже каков ден беше вчера еј… Се имав направено магаре уше у 12 на ручек. Како бе друже да не се напраам 12 години од смртта на Гоце Арнаудов и две од смртта на Џеј Рамадановски… Друже ништо не е случајно ја ќе ти кажам, само треба да ги читаш знаците кои ги праќа универзумот… Него за фудбалон, еј кој мерак ми се напраи за Шпањолцине и онаа преварана Луис Енрике… Нека иде сеа Енрике Инглезијас нека му пее „Дилајла“… Друже од него ли беше бе? Небитно… Ќе калкулира да го одбегне Бразил, да игра со Мароко… Нека иде сеа нека куца на тоа дигитронот друже шо ќе рече Панче Ќумбев… Еј друже многу сум го поштуел Панче коа играше на времето, тоа беше фудбалер бе друже… Воин, со глаа влагаше таму кај шо некој со нога не влага… А, не ко младине сеа нежни… Ти да не го викнеш Серхио Рамос друже у репка, па тој има поголем „кохоњес“ од сите заедно со се стручен штаб и жени у репрезентацијава на Шпанија бе… Превара друже Лучо, сум рекол уше коа освои со Барса Куп на шампиони. Ти со таква генерација, најбоље напад у историја да освоиш само еден КЕШ, а следна година да го јадеш од ПСЖ 4-0 колку беше и после Дибала да те реши, дај бе друже напушти фудбал… Па уше нешо најинтелигентен тренер бил, децана на Барса везеле, оди бе копајте кашкавал… Свака част за Мароко тоа е наша братска земја од неврзаните БРАВО!

Ееее друже мој ја џабе тука зборам 18 дена, мани тој Рошавиот мани, ама не го слушате вие господин фудбал коа збори… Виде ли шо ти е машинерија португалска бе… Се е полесно коа е на клупа, нека иде таму нека праи фризури со гелот бе друже, доста му е… Јака е Португалија друже јака… А, Швајцарцине тапа еј, многу слабо не знам шо беше работата… Со Србија и Бразил убо си изиграа, али изглеа толку беше силата… Друже сеа почиње фудбалот од четвртфинале, е тоа ќе бидат утакмици друже…

Друже денеска и утре пауза, а? Шо ке праиме бе има ли нешо Малта утакмици или бадминтон у живо да пишеме а? Ај се глеаме утре друже…

Се вчитува...