Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Жена ми никогаш не сум ја изневерил. А и да сум го направил тоа, никогаш не би признал“ – Диего Армандо Марадона.
Друже шо е бе она вчера, фудбал да се немало бе, умрев дома со кучето да ти кажам право… Нишо бе друже шо да праам цел ден дома, морав да пуштам нешо Суперкуп Албанија глеав Тирана – Влазнија… Да бе мислам Агим играше едно време у Тирана, го знам друже, добар дечко, добар фудбалер беше мајсторот. Него друже си седам вчера така со кучето и си викам, абе да не ни се паднеше Португалија у бараж друже ќе игравме на Свецко сто посто… Па да не ја згрешевме, она коа им го подаривме првиот гол, и Португал ќе го тепавме бе друже, ама не не посака ич и ждрепка и се…, А во март игравме најубав фудбал откако знам, штета друже…
Замисли друже Македонија на Свецко у Катар… Сигурно автобусот наш ќе беше брендиран со знамето. Па коа навивачите ќе го развиеја знамето македонско, па химната коа ќе ја испеавме во еден глас со фудбалерите… Друже ежење да ти кажам право… Може нема да се сложиш со мене, али ко ние шо ја пееме химната друже, никој на светов не ја пее… Абе може друже малце сум ти субјективен, али најубава химна и најубаво знаме иаме друже…
Него друже глеам се шо ти раскажуем ти пишеш таму у тоа весникот… Ја знаев друже ти дека си писар, ама да фрлевте некој денар за овие анализи секој ден шо ти ги праам бе друже, па не бидете стипси… Не бе друже не се треси, се шалам… Се за фудбалот друже, знаеш мене пари не ме занимаат… Плус друже стварно не веруем дека некој појше разбира фудбал од мене у државава… Добро може двајца, ама едниот секако веќе не е у Македонија, Малта замина може го знаеш, а другиот, да не го именувам сеа другиот друже може ќе се налути некој…
Друже синоќа пошо немаше нишо утакмици викам ај ќе ја изнесам жена ми малце кафана да се провеселиме… Да бе, бев на Наум Петрески у „Ив“ пееше… Другарче ми е Љупчо газдата друже, па секад има маса слободна за мене… Ау друже како да ти кажам, тоа шо е Величе Шумуликоски у фудбалот, тоа ти е Наум Петрески у музиката друже… Еј не знам дали ти иам кажано го знам Андруш… Да бе тој камионџијата шо пееше песни од Наум… Срце чоек друже, људина…
Него друже и денеска нишо од утакмици а? Шо ќе праиме… Нишо идам дома да видам зелката дали се скиселила шо ми е у подрум, па ако е добра ќе напраам една салата со ракииче малце, таман за празникот… Ајде друже се глеаме…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА