Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Фудбалот е игра во која играат 11 на 11, а на крајот секогаш победува Германија“ – Гери Линекер.
Друже дојде тој ден, а? Конечно! Друже како издржуваш два дена без фудбал… Остај тоа среќа Звезда – Партизан имаше синоќа, утакмичиште… Али не бе друже сум збудалел деновиве, нишо немаше да се глеа бе друже, барем македонска лига баскет некој да имаше, шо знам Никол Ферт – Кочани Деликатес… Постојат ли уше тие клубови друже, а? Не сум глеал македонска кошарка од Перо Блажевски коа го реши Реал Мадрид… Потребна е тишина… Еее бе друже, се сеќавам тогаш од Ѓорче пешки сум идел од Аеродром само да глеам… Млади бевме друже…
Него друже, почиње денеска тоа главното… Толку е друже нема веќе боранија репрезентации, сеа ќе видиме кој е кој… Друже знаеш ја многу ги сакам нашите браќа Хрвати, ама мислам дека до тука била работата… Силен е Бразил друже, оние у напад ме потсеќаат на 2002, Роналдо, Ривалдо и Роналдињо… Кај Хрватите друже го глеам оној Петковиќ од Динамо, друже многу ме потсеќа на Бајо еј… Александар Бајевски бе друже, играчиште… Да знаеш само како дриблаше Бајо друже… Нема веќе такви играчи у Вардар друже, ко Бајо шо беше… Се на се друже Хрватска – Бразил двојка, ко мојава горна лева двојка у уста, таква позлатена друже хе хе… Да бе иам златен зуб не си видел, гледај…
Вечерта друже посластица… Кумот ќе ми дое он за Холандија навива ради Крујф, ја знаеш друже секад Аргентина во срцето… Уше од времето на Кемпес, па Марадона, па Батистута… Друже „шта вози Батистута“?, хе хе да се нашалиме… И се разбира Меси друже… Кралот Лав… Абе друже требаше светско да дое 2022 да се види дека е вештачки тој ривалитет меѓу него и Рошавиот бе… Види го Лео без него онаа Аргентина не може да го тепа ни Детонит јуниор од Плачковица… Додека Португал без Рошавион играат ко Марсовци некои да се… Ќе биде јако вечер друже, Ван Гал за*бан дечко е друже…
Ајде друже идам до месара да зеам некоја „Ќирчова кобаса“ па да глеаме после со кумот утакмициве… Се глеаме друже утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА