Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Друже да ти каже твој господин фудбал нешо: Добар мој друже, тоа е фудбалот. Најдобрата работа која ја има измислено чоекот“.
Је ли то могуче друже кажа на времето Младен Делиќ… Абе друже ја коа ќе ти речам само фудбал е спорт, се тоа друго ти е боранија ти ми викаш не потценуј. Виде ли вчера бе друже… Абе од среќа за фудбалон у 12 на полноќ као нека будала излегов на теренчено пред мало, цементоно го бацуев бе. Тоа е таа пасија добар мој, таа возбуда шо ти ја дава само фудбалот… Ја да ти кажам ко навијач друже сто пути сум и кажал на жена ми… Само навијач знае шо е права љубов, друже и да ти кажам друже го цени она тоа, знае дека си ја сакам…
Друже цела вечер си ја пеев еј „Свитло нек јој јуби лице, липу кау цесарицее кад је ја не могу љубитиии“. Е друже мој Бразил вака, Бразил така биле многу јаки… Ајде мајсторе „коцкестите“ ги скокцаа и нив обригаду им наравија шо би рекле у Бело Хоризонте друже… Лука Модриќ каква е то играчина мајсторе… Ти после толку години се со таква ентузијазност да играш, свака част… Се сеќавам друже Васе Рингов, ти иам кажуено добар сум со него, уше 2007 рече овој малиов Лука ќе биде играчиште друже… Моцарт друже, ко оние куглицине од Салцбург. Абе друже ако кошарка је српски спорт, ондак фудбалов му доаѓа дека е хрватски спорт, а? Абе оној малион од Динамо, голманчено, Ливајаковиќ како се вика друже… Абе ја бев таков ко мал друже ко него… Пантер… Не сум ти кажуел, ја ко голман почнав, али после ме пребаци трењерот у задњи везнии… Еее друже мој да не ти бев мрза јас…
После вечерта друже, посластица… Холандија – Арџентина… Одма ми дое слика Марио Кемпес против Крујф ’78 на Монументал ко јуче да беше… Абе друже шо беше она бе Тречи светски рат… Знаеш ја друже за Меси сум и Аргентина увек, али го поштуем оној Ван Хал бе друже, каква будала е, шефчето. Него оној Лахоз бе друже, дајте бе ви се молам… Тоа џубре шо навија за Реал Мадрид, да го ставаш да суди против „кралот лав“. Срамота друже, онаа ФИФА срамота… Убо му кажа на крајот Лео… „Мрш бе, мрш“… Само така со тие ликови поткупливи… Уше две друже и Лео конечно ќе ни го врати трофејот у Буенос Аирес… Мада друже ќе ти кажам пак, и да тепаат браќата Хрвати ич нема да ми е криво… Иначе, многу поштуење друже за „низоземцине“ бе… Она голон у 99. минута, како им ја пуштија маалската бе… Абе ја така на децава у маало уше им играм, тоа ти е холандска школа фудбала друже, тотален фудбал… Знаеш шо ми фалеше само црвени бе друже, дај и судиине, па оние тучи мораше нешо да се деси на крај… Се на се неверојатно…
Друже денеска пола од јуче да биде, ја ќе ти бидам ко Тите и Ришарлисон голуб коа ќе им спомнеш, е толку среќен… Друже идам да фатам Втора лига да поглема Детонит и Каменица Саса… Ајде се глеаме утре друже…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА