ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 23: Нема Свецко – нема проблем… Тука е ПМФЛ

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Шо бе друже мислиш нема Свецко, па нема фудбал… Абе друже најбоље лига у свет ти се игра у маало бе, а ти се буниш… “.

Шо бе друже мислиш нема Свецко, па нема фудбал… Абе друже најбоље лига у свет ти се игра у маало бе, а ти се буниш… Голема работа Роналдо испаднал, Меси игра дур у вторник… Абе друже тука е Сандеј Адетунџи бе играчиште… Го глеам друже ме потсеќа на Емануел Адебајор, а? Се сеќаваш на него… Мислам дека едини играч у свет, до Адетунџи шо уше доека е у вис топката знае кај ќе падне… Играчиште… За Седло друже шо ќе ти кажуем, сум ти кажал сто пути, тренериште… Коа ќе викне на полувреме, ајде клавајте голови на 0-3 уше пет ќе даам да сум негов играч… Метка Максимов „дијамантиште“ друже… Слушај шо сум ти кажал малиот у Реал Мадрид ќе игра еден ден… Се има фудбалско, ме потсеќа на мене коа играв у У14…

Друже овие моиве од маало шо ни се, како кои бе друже „лавовите“. Виде ли у Кратово шо му направија на Силекс… Мишовски играчиште… Пуца слободни удари ко Жунињо на времето шо даваше… Друже ептен на него ме потсеќа… Го знам тука од маало ни е, капитениште… Него глеам друже ме викаш ти мене Господин фудбал таму шо пишеш у тоа весникот… Друже прав господин фудбал ти е Муки Бајрами… Тренериште, како сум славел лани титула у Куп коа освоивме… Другиве утакмици да ти кажам право неги глеав, али сигурно биле добри утакмици… Нема слаби тимови у ПМФЛ друже да ти кажам јас на тебе… Него друже ги глеам теренине у Кратово и Штип… Тепсија друже… Па „Вембли“ нема таква трева бе друже…

Него за Свецково шо ќе ти зборам, друже… Секад тага ме фаќа вака прикрај коа сме… Уше четри утакмици а? Абе у вторник да ти кажам искрено не знам за кој да навивам друже… Абе знаеш ја Аргентина ми е у срце, ама у срце ми е и Хрватска друже… Ајде нека победи кој е боље, па ќе славиме после у недела у финале… Другиве друже поштуем Мароко, али не знам бе некако не ги осеќам блиски ко Аргентина и Хрватска… Франција, ко Франција друже велесила се… Виде ли колку повредени имаат и пак полуфинале… Па овие сеа ќе тепаат у финале и после ќе играат со повредените да видиме кој стварно ќе биде свецки шампион…

Ајде друже се глеаме утре…

Се вчитува...