ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 24: A, сега спектакл!

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„И тогаш кадравиот гаучо тргна по стапките на кокаинот“. (ПРЕКРАСНО) 

Еее добар мој друже, дојде и тој ден. Аргентина – Хрватска… Се радувам како мало дете да ти кажам право друже. Читам друже извештаи од експерти и глеам Аргентина никад не изгубила полуфинале на Свецко. Чисто да ти напоменам дека мислам дека нема да изгуби ни сеа друже. И не ми „таласаj“ те молам за се дека има првпат. Нема. Да имало, ќе имаше и до сега. Него друже замисли финале Аргентина – Франција. Меси пред да тргне да го крене трофејот ќе се поздрави со Мбапе и ќе му каже „мали имаш веќе еден сеа ред е кралот да се збогува од Мундијалите“ и ќе му каже „дај сеа ова, па ја ќе ти помогнам ЛШ да освоиш“.

Него кој ќе биде судија бе друже… Знаеш мене главна причина за забава ми се… Ваљда нема сеа Манзано да ни го стават, а? Па уше тоа фали… Сигурно оној Перез со куферчето е дојде у Катар… Жабаар? Ауу, мада добро друже блиски беа со нив и Аргентинциве на времето… Многу „жабари“ таму некаде ’45 друже заминаа на „ворк ен травел“ у Аргентина, па имаат сигурно добри односи. Него шо бидна со островине хрватски бе? Нели на времето у Краљевина Југославија нешо беше држ не дај со Александар Караџорџевиќ друже а? Те глеам ја тебе не си нешо по историјата, шо ве учат вас младите сеа бе сопствената историја не си ја знаете…

Него друже шо ми збореше оној твојон колега од „Скок“ таму ли е уше? Добар весник беше тоа на времето сум го читал не знаев дека уше постои… Не постои? Па нели колегата од „Скок“? Па, за кого известува? Ме збуни сеа друже… Нема везе… Кај нас се може, па и тоа! Него друже шо направија со овие дојавиве за бомби, немој само да напраат дојава за „кладилници“ шо ќе праиме тогаш друже… Него друже овој нашиов комшијава Илчо го глеам у Катар со Занети, Дел Пјеро, Фиго игра фудбал… Па ќе игра бе друже, коа нас не ни одговара…

Ај друже идам сеа до дома да видам кучето од сабајле го оставив само… Сум ти кажуел некад појше го сакам од двајцана дома шо ги иам… Такви мрзи друже не се родиле, стварно не знам на кого можеа да се метнат такви… Се глеаме друже утре, па да прославиме заедно за победата… Чива, шо е битно чива бе друже, браќа ни се и едните и другите… Се глеаме друже…

Се вчитува...