Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Руски рулет не смее да се игра против Хрватска и Аргентина“. (ПРЕКРАСНО)
Друже да почнам да ти зборам за Кралот Лав и за тоа колку е најдобар у цел „Млечен пут“ ма и даље колку галаксии и да постојат. Колку ли треба да сме вечно благодарни што живееме во годините на чудесиите на неповторливиот, фантастичниот, интерпланетарниот, ингениозниот волшебник со топката, Леооо Месииии.
Ти благодарам Универзуме што дозволи да го гледам и она синоќа кое ми го продолжи животот за уште 10 нови години…
Али друже дајте бе доста со она преценување играчи бе… Јошко Гвардиол 80 миљони го барале сите се тепале за него. Абе друже, оној Лукаку да знаеше фудбал да игра три ќе му начукаше и ќе беше аут Хрватска уше у групи. Дајте те молам веќе со тие менаџерски игри… Па да имаше вакви менаџерски игри у мое време друже, Иле Најдоски имаше 800 миљони да вреди… Боранија играчи многу имаат Хрватине друже… Онаа одбранана, па друже ако Јурановиќ може да игра полуфинале на Свецко, па тогаш Бојан Миовски комотно може да биде најбоље стрелец на Свецко… Друже за оние у напад на Хрватска, Миовски е лично и персонално Ван Бастен, ајде добро еве Давор Шукер у најлоша ситуација.
Се на се друже останува уше еден меч за нас фановите на Аргентина. До недела останува да сонуваме, а потоа во шес саат по наше време да почне прославата… Па после од понеделник да почнеме да се договараме кој каде за Нова година, за Божиќ, кој на скијање, кој по кафани и така..
Денеска друже Франција – Мароко… Ма и тоа Мароко мислам толку им беше силата, ко на Хрватине… Ќе се бранат некаде до 30 минута ко овие, ама коа ќе примат гол, то је то мајсторе… Него шо се деси бе договори ли Боби пријателска со Мароко? Ајде друже се глеаме утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА