ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 26: Мароканци не „забијате“, али свака част наклон до под… Предлогот на Макрон!

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 30 денa специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„2-0 е најнезгоден резултат во фудбалот, но не и кога игра Франција“. (ПРЕКРАСНО) 

Друже овие Мароканциве у океј односи беа со Французите а? Абе мислам тие со Алжир беа ептен заратени, да играа со нив, кизнае шо ќе се десеше рат. Мислам дека со Мароко, полабаво е… Знаеја Мароканците дека ќе си заминат овие, а и Французите никад не го осеќаа Мароко ко свој, уше у тоа време, за разлика од Алжирците… Него друже го глеам Макрон у публика, нека испрати еден предлог до ФИФА, Македонија директно да игра на следно Свецко… Не бе друже, знаеш мене политика не ме занима, чисто онака малку да се нашалиме…

Друже свака част за Мароканцине еј, одиграа мушки, само не забијаат бе друже… Се сеќаваш ли Катанец коа викаше на времето „не забијамо“, е така и овие, па клоцни ја топката бе машко, клоцни ја… Они најбоље шанса на Свецково имаа од „маказа“ шут… Абе друже оној Мбапе тешка будала е бе друже… Ја ваков фудбалер неам видено у мој живот, а фала богу многу иам видено… Знаеш коа си без работа имаш појше слободно време… Него друже, зошо бе ја не работам како скаут, знам да познаам играч… Мбапе уше у Монако коа беше сум го упецал, седиме со Зоки Смилевски му викам пази го ова дете, ќе гази за некоја година…

Него друже го глеам Срле Захариевски у студио на МТВ… Го глеам шо праи у Струга, овие шо се први у фудбал кај нас де…, браво, знаев дека може да биде добар трењер… Добар фудбалер добар…, а кој ќе ги знаеше и овие у Струга да не им беше Срле вака малку да ги покаже.

 

Се вчитува...