ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 28: Крената „крагња“ и мајсторска левица – Почивај во мир Миха!

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 30 денa специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Не само што не треба да се срамите од болести, напротив, ако дојдете до таква ситуација покажете каков борец сте“ – Синиша Михајловиќ 1969 – бесконечност… 

Абе друже ела господин фудбал да те гушне еднаш, да те баци… Абе шо ти е живот да му е*ам мајката… Извини вака шо пцујам, ама стварно скршен сум да ти кажам право… Абе вчера го зборевме бе друже, се сеќаваш, ти викам шампиониште е Миха бе, борец е ќе надмине се… Еееее друже мој само здравје убаво викам јас, друго се ќе си дое у живот и пари и успех…

Знаеш друже ја сум ти закоравен „звездаш“ уше од времето… Ти иам кажуено Пикси омилен фудбалер ми беше… Абе се сеќавам 90-та Миха го земаа тогаш за миљон марки… Знаеш друже у 90-та шо беа миљон марки у Југославија, ко сеа да даеш 300 миљони за Мбапе друже… Никад нема да му го заборавам слободниот со Баерн Минхен друже… Абе ти неам кажуено, постариот син 92-та е роден у децембар… Верувал или не Синиша се вика, по него сум го крстил…

Многу го поштуев друже пошо знаеш ја и Југоносталгичар голем сум, шо беше људина… Не знам дали знаеш од Вуковар е Миха… Да да, таму беше најзакрвено у ратот… Мајку му е Хрватица, татко му Србин… Секогаш тоа го кажуваше, како од типот „Моите најдобри пријатели ми го уништија домот“… Да не се повторат тие години друже, млад си ти среќа тоа го немаш доживеано…

Нека донесе две чаши девојчево, море мала донеси три чаши и ти ќе се напиеш со мене и другарот по една за здравје ајде… Знам рано е млади сте, али напрајте му чест на чичко ви…

Друже знам ме чекаш нешо за фудбалов да кажам, денеска за трече место… Шо ќе кажувам бе друже, многу ме погоди ова со Миха, ни до фудбал ми е, нит бутур… Абе вчера коа прочитав, сум го фатил тој поголемиот го гушнав и плачевме заедно добри 10 минути… Емоција друже…Самиот ми вика абе тато прочитав еднаш која му била најголема желба на имењакот, ми вика: „Кога ќе ме прашаат за што сонувам, не можам да кажам за трофеј во ЛШ или за скудето. Мојот сон е невозможен – да можам уште еднаш да го прегрнам татко ми“. Еве сеа ти зборам и уше плачам друже… Нека му е лесна земја…

Него седи да се напиеме по една ај, па ќе идеме после да глеаме фудбал…

Се вчитува...