Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 30 денa специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Време за одлука. Фудбалското чувство што ги пече Аргентинците за Французите е победничко але“ (ПРЕКРАСНО)
Друже мој ете помина и ова Свецко, кое ми е више по ред друже прво ми беше ’78 она у Аргентина, Кемпес коа ја донесе првата „божица“ за мојата омилена репрезентација. Него друже знаеш и ти сам и луѓево тука у кладиона дека многу го поштуем Меси, ама некако ме разочара друже… Играчиште е и се, ама никад нема да биде Диего Армандо Марадона… Види друже ти не мора со мене да се сложуеш, али така е, Диего беше институција…
Друже доека Диего се бореше со криминалон у ФИФА, овој без никаков срам и перде се здружи со нив само за да освои Свецко… Б*м ти и Свецко и се бе друже, појше ќе го ценев никад да не освоеше, ама да не ја продадеше душата… Па Диего со Кастро заедно баш против овој криминал се бореше друже… Како каков криминал бе? Па секоја утакмица Аргентина поведуваше со пенал, многу ме разочараа уше со Хрватите… Па оној Пеналдо со стомачните друже бе толку пенали нема шутнато у кариера… Друже ја имаш ли читано „Шагринска кожа“ од Балзак… Еее она со наметката на крај која му ја кладоа на Меси е толку ќе ти кажам да не се повторувам…
Него знаеш друже ја цел живот ги поштуем наградите на Свецко, шо беше бе онаа „бурлеска“ на крај бе друже… Најбоље голман оној кловнот… Па го глеам уше на крај у свлачионица вика „а сеа минута молк за Мбапе“… Друже четри гола ти дае у финале на Свецко, оди скриј се и ќути да не ти е Меси нема ни групи да поминете… Најбоље млад играч оној не му знам ни име, тој малиот од Бенфика… Срамота…
Него друже еве денеска задњи ден како ќе ме пишеш изглеа, сакам да ти се захвалам на тебе и таа екипата у „Екипа“ да ми ги поздравиш сите многу и фала ви за простор шо ми дадовте малку да палам*дам за фудбал… Ај па може следно Свецко ќе ме викнат и од МТВ, ќе понудат некоја баснословна понуда за стручен консултант… Сеа не сум ко овие шо им гостуваа, ама разбирам и ја фудбал…
Друже идам сеа ја па се глеаме у некои боље денови… Да си ми жив и здрав ти и сите мундијалски фанови…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА