ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 5: Харикири ауфидерзен, Нивес Целзиус више од Ноле и „Гробар до бола“

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Тогаш ќе биде друго. Ќе игра Македонија на тоа Светско првенство и се ќе изгледа розово“. (ПРЕКРАСНО).  Давор Шурјак, Славко Штимац, Оливер Млакар, Стево Карапанџа, друже добра репка беше таа на Хрватите, Турам да не им начукаше два ќе освоеја 1998. Златен како се викаше онаа кај нас шо дојде кај претседникот шо беше, ее Нивес Целзиус отидена ли е у Катар бе? Иам слика со неа само да ја најдам.. Да бе, беше у Скопје на ФФМ фудбал играше и Ѓоковиќ мислам дое, така нешо читав. Добра риба друже, тоа е жена бе. Коа сме кај добри риби го глеам оној Влашиќ, онаа малата шо скокаше у вис Бланка сестра да не му е? Добра риба беше и таа друже. Мароко коа ќе го видам одма ми иде фацата на Хемфри Богарт у Казабланка, какво фраериште. Се на се уше еден икс…

Следна текма Џерманците… Е овде не може да е досадно златен одма му кажав на кучето, шо да праиме само ние двајца дома. Малион се вработи у еден магацин, му викам ако да види и он шо е мака, татко му цел живот се мачи ко шо глеаш. И се топ, газат, онака џермански и на крај, влага тој како му беше името Асано… Ја сум ти друже звездаш, али свака му част. Квалитетен е српскиот фудбал… А, Јапанци, ко Јапанци у секој спорт играат така брзо… И у фудбал и у ски-скокови… Јапанска машина златен, се е кај нив „математички прецизно израчунато“. Ги виде ли. Ги средија „швабине“ и после уше го исчистија стадионот. Абе ко мравки се свака им част затоа се јака земја. Оној мојон дома чорапите да ги стаи у машина го мрзи, не знам на кој се метнал. Харикири ауфидерзен…

После Џерманците знаев дека Шпанците ќе поминат ко фурија со Коста Курта. Тоа е „Ла масија“ школа друже. Се техничарчиња. Оној Феран слушам нешо идел со ќерка му на селекторот. Абе шо ти е непотизам еј. Па не сме го измислиле ние бе мајсторе. Се е тоа увезено од таа Европа, али ајде да не мешам политика сеа ти реков не ме занима тоа. Добри децана Педри и Гави, тоа е фудбал бе. Се на се досадна утакмица, разлика у квалитет. А и она судиине бе. Осет малце, поштовање. Осум минути продолжение. Па и овие Костакуртанците имаат фамилија бе друже…

Почиње задња текма и глеам судијата познат… Му викам на помалиот син, абе кој беше овој ај сурфај го на интернет. Ми вика абе легендата на афрички куп у 85. шо свиреше крај. Леле викам тој е мојот брат, ај ќе биде ова јака утакмица. И така би… Дувна еден пенал едвај, уше два не досуди, па свиреше офсајд по пас на одбранбен играч, убаини… Жал ми е за Канаѓанине, добри се, ама ќе бидат од оние репки шо ќе играат фудбал, а ќе испаднат. Тоа е фудбалот. Тоа се Мундијалите. Некогаш мора да има и тажни приказни.

Шефче денеска пак четри меча, али нишо не ме занима освен Бразил – Србија. Се сеќавам нас едно време не викаа европски Бразилци. Пикси како вика „не морамо ништа, ал можемо много“ каков цар еј. Омилен фудбалер ми беше. Друго шо има бе не сум ни видел. Рошавиот изглеа игра а? Добро, и тие ќе бидат добри текми, али сепак Србија е Србија, кај можеме ние со нив.

Се вчитува...