Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Со шепот на усните ја испеаја иранската химна“. (ПРЕКРАСНО). Боље сум, фала на прашање друже. Се смирив, тоа е многу ми крена притисок оној Пикси… Почиње Велс – Персија и глеам главен судија Ескобар од Гватемала. Абе како може Ескобар да е од Гватемала, сигурно пребегале неговите. Го имаш глеано „Наркос“? Оној Пачо Ерера ми беше омилен лик. Каква фаца еј, мафијашиште. Утакмицана ненормална. Персија одлична репка. Онаа боса островска нога велшанска тапа еј, тапа. Судиине шо треба да се деси црвен да дадат бе? Дали се нормални бе друже. Па уше глеа ВАР, а оној Коњакон голманон па го среди братот ко Аце наш Дариј шо го тепаше! Заслужија Персијанцине да тепаат, браво ми ги наполнија срцето и душата. Наши браќа се и тие потомци на кралот Александар.
Втора текма Катар – Сенегал, судија Лахоз. Па добро бе мајкуму стара. Шо е ова бе Перез првенство? Го е*а Меси со Арапите, па ајде сеа и против Сенегал, мора Катар да помине група, срамота. Мада и Катаријаните боси друже. Ме потсеќаат на Македонија со Мрме на почеток. Секое поминување на центар радост беше у публика пошо има идеја, е до толку бевме лоши. Ги среди после он, а и Боби е добар друже, го поштуем, не знам зошо сите го напаѓаат. Па не сме ние друже Германија секад да победуваме. Му кажуем друже на кучето овој Папа Буба Диа дава гол за Сенегал, после пет минути ете ти 1-0. Многу разбирам фудбал. Катаријанците многу боси друже, па не им е ова ракомет бе земи тројца и финале. Фудбал си е фудбал златен, само тоа е спорт. Ај чао доста ви беше на Мундијал…
Почиње Холандија друже и среќен викам ова ќе биде топ текма. Сепак, тоталниот фудбал го измислија, а репка од Јужна Америка не може да не знае да игра фудбал. И така беше златен, почеток гол одма. Е после сум заспал да ти кажам не ја догледав, али јака текма била читам извештаи. Јa сум ти перфекционалист коа е фудбал у прашање. Ми се свиѓа Валенсија, добар играч. Кај игра? Јако ќе е да игра у Валенсија хе хе.
За крај Америте со овие на кои им беа колонија на времето Енглеска. И викам на жена ми тури еден чај, ама некој бостонски ако имаш… Ме глеа збунета целата, шо да ти кажуем златен си ја сакам, ама малце не е начитана. Го глеам оној еден у одбрана на Америте исти Алекси Лалас… Зар уше игра тој бе или некој син му е? Брат да не не д*пат ова со судииве. Судијата Венецуела од Венецуела, абе дај не ме ј*ебете. Шо ќе биде следно судијата Обала Слоновача од Обала Слоновача, ти се молам. Местена беше оваа друже, па Англија и САД тоа ти е иста земја.
Друже денеска нови четри текми среќа викенд е па ќе можам се да изглеам. Се заебавам бе знаеш неам работа се изглеав шо се палиш одма… Ајде се глеаме утре, мада недела утре може ќе идам до вочникот да берам јабуки, али ќе видиме ќе ја пратам жена ми со поголемиот ваљда не се на работа. Се глеаме друже.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА