Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Сакам да ги поздравам и колегите од Македонската радио телевизија. Осумтемина величествени кои одлично го играат досега овој мундијал, би рекол дури и подобро од некои репрезентации“. (ПРЕКРАСНО).
Друже почиње Тунис – Острелија и слушам химната на Тунијанците, „Бандјера роса“? Ваљда не им е таа бе, а? Мада и тие беа може у неврзаните на времето со Тито, може се комуњари а? Глеам утакмицата друже и ми се појавуе на фејсбук слика “Еден живот, една љубов” у Катар транспарент. Леле бе друже тоа е Вардар бе, тоа е Вардар… Мамата му ја е*аа, срце ме боли. Абе овој Карачиќ шо игра за Острелија, нашион да не е бе? Ау не бе тој рукомет играше. Ама сигурно му е некој братучед, чим имаше и Вардар знаме у публика. Добри нашинците добри, ми се свиѓа многу наши презимиња у репката. Абе одувек сум зборел уше у бивша Југa, многу сме талентирани за фудбал, да не не растуреа ќе освоевме Свецко до сеа сигурно.
Друже еве ти една асоцијација дали ќе погодиш… Викторија сикрет, Ролсoројс и Југославија? Па нормално бе Полска – Саудиска Арабија, браво друже добар си, ти фаќа кликерот. Абе им дал тој арапот на секој играч „Ролсoројс“ вреден 450.000 долари. Друже ја се поштуем тоа патриотизам, национален набој, али ако нема пари џабе се бе. Гледај како играат ко „Ролсoројс“ се. Оној тренерон нивни, Французон шо личи на Драган Бјелогрлиќ па до правнуци си ги обезбеди после Мундијалов бе… Добра утакмица друже, можда најбоља досега, али тоа е, Лева си е класа… Него, да не знаеш Струга – Силекс како заврши?
Франција – Данска друже се мислев дека ќе е икс. Па тие рукомет иксови играат меѓу себе не па фудбал. Французиве се јаки друже, ама нешо не ме воодушевуваат ко у Русија. Абе Русија зошо не игра? Оној Мбапе будала е да ти кажам јас. Боље Бензема шо им се повреди да ти кажам најискрено, боље се без него. Абе тоа Реал Мадрид играчи ја се би избркал од репрезентација, само немир праат да ми веруваш, па види Лучо како игра со Шпанија. Данцине нека идат нека играат карлинг друже не се за фудбал.
Почиње Аргентина. А, коа игра Аргентина у моја куќа тоа ти е ко слава друже. Останато ми е уше од времето Марадона коа го глеавме со стариот сите седнати и се знае кој каде седи. Сум ги построил дома од жена до куче сите. Мора Меси да победи! И така би, како Марадона од небото да го водеше по зелениот терен во пустината. (Не се ова мои зборови друже, не сум ти ја толку начитан), али исто би ги кажал да можам. Уште пет друже и Меси ќе биде БОГ. Него ми текиње у сред утакмица дека Италија не игра на Свецко и одма ме допира нешо македонско нешо патриотско у мене.
Денеска друже пак четри утакмици. Шо направија море златен? Никад немало волку меча дневно… Вечер Џерманците со Шпанија а? Ќе биде тоа добра утакмица. Ај идам друже ме чека жена ми да и однесам зелка, купус ќе праела. Се глеаме…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА