ГОСПОДИН ФУДБАЛ VOL.2: Балкански маки, канта ѓубре, тоблероне и карамела…

Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.


„Друже земи си една карамела бе, шо бе нејкеш, оти? Шо, тоблероне си јадел, абе какво тоблероне, земи карамела боље е… Кики бе друже, било куда кики свуда…“ 

Друже го знаеш бе Пеце Атанасовски? Најбоље гајда у Македонија … Друже комшија ми беше, увек му викав ти друже си Шкот… Нема шанси наш човек вака да и дава љубов на гајдата… Ја знаеше и шкотската химна друже да ја отсвири… Маестро беше Пеце друже, бог да му душа прости, великан…

Шо е бе она друже на Албанија – Хрватска бе….? Срамота бе друже, како може бе толку омраза во овој народ на Балканов да се собере бе друже… Шо не прават исто Шведска и Данска коа играат бе, срамота… Не ми се коментира бе друже се нервирам, а убава утакмица изиграа Албанија и Хрватска, ама шо ако, цела недела се збори за тоа кој кого пцуел, жално друже… Сите сме исти бе друже на Балканов, срамота…

Него Србија – Словенија го глеаш ли Пикси друже – „тата“. Не за џабе омилен фудбалер ми беше бе… Па уште го пцујат неговиве Србиве, вака бил, така бил нишо не разбирал… Тата друже, тата… Жабарине многу слабо друже, Шпањолцине комотно можеа десет да им лупнат… Каде бе друже со оние фудбалери, па ние ги тепавме бе друже со Аце Трајковски, сред Палермо… Па пауу, се сеќаваш друже, уше се тресат коа порачуваат македонска салата у Италија…

Канта ѓубре судеше Словачка – Украина виде? Како бе кој, оној Оливер блентав… Зашо канта ѓубре? Се сеќаваш Јуве – Реал коа падна Васкез лепиот пеналче коа тепаја… Па кој судеше Оливер… Убо рече Џиџи, не бе Никола Илиевски, види го, Џиџи Буфон само чоек со канта ѓубре место срце може да свири пенал у 93. минута. Него за наш Џиџи, виде у Охрид ќе бил трењер, имате понуда Охрид влага прва лига? Шо бе нема шанси, ти знаеш ли дека Џиџи има десет чекори за успех у секој тим шо иде…?

Друже сум ти задремал така под клима у саботата и слушам цело прво полувреме Швјонтек – Давидович. Давидович – Швјонтек викам кој пушти дома тенис микс парови… И наеднаш така полудремка слушам Швјонтек гол, кизнае шо сум сонуел… Него оној Рагник трењер шо е на Австрија не сфатив у Белорусија или у Борусија е роден друже?

Друже абе како се вика на македонски ремпловање? Како бе шо е ремпловање…? Рамо со рамо коа се кошкаат некои, знаеш? Имаме ли збор за тоа бе…? И Роналдо е тата друже го виде? Ко Пикси… Па не е он, оној кепецот бе, виде ли бе друже, чист гол да даде, шлап ја подаде… У негова чест да можев 30 склека ќе напраев друже, али не можам…

Него ај друже доста ти анализирам за џабе, ајде друже се глеаме…

Се вчитува...