Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.
„Ах колку се чудни патиштата фудбалски“
Друже абе не сум те прашал како зимаат стаж фудбалериве бе на минута на секунда а? За пензиско бе друже, пошо не може он на 40 години макс завршуе кариера… Па не знам бе друже тоа треба да се распрашаме, чек бе Чоко ќе го прашам… Кај отиде бе сеа беше тука го видов, отишол кикири да купи изглеа, ај ќе го прашаме после…
Го глеам Пике друже у публика онаа до него не беше Шакира бе друже… Шо бе се развеле, е тоа е друже, нема веќе Вака вака, сеа само Шака нака… Да се нашалиме друже малце… Друже 90-тите имав еден папагал, абе да знаев Андрих ќе го крстев… Каде бе со таа фризура друже… Го виде ли мисли на косата да ја фарба, а тоа Олмо шо пуца сам, никому нишо… Него друже енглески судии пак и блентавење пак а? Па она да не го дувнеш пенал, срамота друже… Шпањолците добро играат друже, сите тие бараат со топка, ама требаше Џерманците да добијат…
Шо бе вечерта друже, оние Французијанцине станале ко жабарите друже… 0-0, 1-0, 0-0, 1-0, пеналчиња титула… Али Рочо го глеаш ли бе друже, јуначиште, ѕвер, идол, не ко оној кепецот аргентински… Тоа е фудбалер бе друже, мада она како го викате на фаца жените шо ставаат, ботокс, тоа пластични операции му сметаат малку друже… Не го глеаш не може веќе да рипа, му намалува тоа висина, па и дужина друже хе хе, ако ме разбираш, да ми прости девојчево… Ма, Рочо е супер, ама како си ги упропатува Португалците, мора да го играат друже, а тој ништо не игра, хе хе.
Боса нога островска, вака така на пенали полуфинале а друже? Штета за Швицарцине, симпатичен тим, ко онаа серијата се Клиника Шварцвалд… Друже сум ја глеал у војска 84 у Врање коа служев… Штета и за нив друже и за Турците… Оној малион Арда Ѓулер друже, барата со топка, ме потсеќа на Тони Мицевски… Не знам бе друже некако така ми се исти у градба у движење у се… Т.е. Тони беше играчиште друже, а малиов има уше фурни леб да јаде… Него Чоко да не се врати бе?
Вака така друже иксови колку сакаш се напунија кладилницине со титули, а ние сиромав народ без пари… Тоа се друже модерни вредности шо се форсираат… Ударај по сиромавиот, богатите пуни џебови…
Ајде друже се глеаме, ако го видиш Чоко прашај го жити се за стажот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА