Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.
“Психолошките игри, игрите на умот, таков е врвниот фудбал!”
Еве друже, еее шо ме нема, па ме нема друже… Како да ти кажам жена ми дома не ме пушта секој ден во кладиона. Е зошо, ај друже не ме дирај, највише кај шо ме боли. Добро е ти сеа шо си на смена, ама колешката, и после не ме пуштала жена ми… Жени друже љубомора…
Него Џерманцине, батооо машинерија шо да ти кажувам има аналитичари за тоа нивното да ти зборат. Ги глеам Маџарине со Швицарска, многу слабо друже. Осим оној Собо, како е бе малиот од кај Клоп е тој и оној Виктор малиот толку е друже силата, да ти кажам ја. Џерманците седум ке им клаат. Не бе друже син му е на Орбан, на премиерот бе друже, нашион пријател, слушај шо ти кажувам.
Почиње Хрватска – Шпанија друже и глеам Шпањолцине сите ќутат на химната… Сигурно пошо цела репка се Каталонци и Баксијци, друже не го сакаат тие кралот. Не бе ти викам сто посто тоа е, да бе немало текст химната, друже ајде доста која химна нема текст. Абе шо утакмица беше она бе. Па оној Бруно Петковиќ кај игра, у Динамо? Аууу друже у Ржаничино не може да игра тој цреп бе. Мада, добар тим има Ржаничино, дома се тепаат, друже. Многу лошо друже, знаеш ја увек сум за Хрватска, добро појше за Хрватките ме разбираш, али готово е ова друже. Модриќ не може веќе сам, а немаат деца. Абе и они Мамиќ ваков таков, ама без него не можат и тие играч да извадат друже.
Вечерта друже како испеаја химната жабарине, се исплашив едно време да не ми влезат дома… Али Албанија, дружее играње дечкине еј свака им част.. Јаско го знам ја од дете друже у Вардар со синот тренираше… Знаев дека ќе биде играч… Шо мојот друже, ене го меша малтер, Јаско ќе игра на ЕП, мојот игра пајдушко на малтер… Тоа е друже и он ко мене мрза, ген е друже тоа…
Доаѓа недела друже, жена ми решила ќе чистела дома генералка… Викам ајде кај мајка ти, седнав отворив Хајнекен друже и да глеам „лалињата“. Одувек за нив сум навијал, плус Куман тренер, абе коа им зема на Џерманците дресот, па го забриша задниот образ… И то у сред Германија друже у Хамбург… И пази сеа после 20 и кусур години, Џерманциве лудаци пак го ставаат на ист стадион да игра лудило и шо напраи зема носот, ред солзи, ред мрсули, добро само второто и ги дегустираше… Нема веќе такви фудбалери друже… Тепаа друже, али немаат тим сеа друже ко тогаш. Го поштуем оној малиот само од Ливерпул, Ван Дам, друго друже немаат екипа… Ван Дам бе друже тој у одбрана шо игра малиот, Ван Дам…
Пуштив Словенија – Данска друже. Ме знаеш мене голем емотивец сум… Коа го видов Ериксен гол коа дае коа почнаа едни солзи да течат, задњи пут така сум плачел друже Чупиќ коа му го свирна на Омејер, жими се ти кажуем… Малку се у денешно време играчи ко Ериксен. Не те потсеќа на наш Гама? Како бе кој Гама, Станковски, нема веќе такви техничари друже… И џабе се на крај друже, Јанез Јанша им го плесна и ГГ тап ја заокружив… Сто пути сум ти рекол, дај за наши репки боса нога скандинавска друже…
Еееее Србија друже, ги виде ли Пикси господин како ги нареди, шлап/пап. Ама тоа е друже фауната коа не е на твоја страна… Фауна бе друже, среќа, среќа, на латински… Учеше латински ти у школо бе, па шо прашувам сигурно не си учел, се глеа… А и оној жабарот судијата бе друже… А, бе одувек биле на иста страна Енглезите и Италијаните и он ти става, жабар судија… Е како не биле бе друже, па и у втора светска војна беа сојузници, мада шо ке ти кажуем, нишо не ве учат у школо изглеа вас…
Тоа е друже, ајде се глеаме… Е кога? Kога колешката нема да ти биде на смена. Oдам сеа ја, ајде друже…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА