ГОСПОДИН ФУДБАЛ VOL.2: И сега друже кој освои европско, Хрватска, Србија или Албанија?

Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.


„Како згрешија судиите на минатата ситуација ќе дуваат сега и на ладно“ 

Друже абе да не имаш карти за Сека Алексиќ а? Како бе какви карти, нели давате вие а? Не сте вие? Тапа кладионица сте друже… Ја па викам ке успееш за батко ти две да најдеш да ја носам жена ми малце да се провесели… Неделана друже досадни утакмици да ти кажам право… Она маџарчето само шо го нокаутираа, добро ли е? Тоа е најважно друже, фудбалов стана многу ризична професија… Секое првенство имаме вакви ситуации друже…

Друже како сум се изнервирал у понеделникот не си свесен… Шо бе друже, оној Гвардиол ако вреди 90 миљони, па ти знаеш у денешно време Калц колку ќе вредеше? 900 миљони друже, 900 еве ќе ти запишам и овде на ливче… Деведсто миљони… Каков цар е Лука еј… Промашил пенал, па голема работа, кој голем играч знае пенали да шутира бе… Али голот после, ја црпна ко у ФК Муртино да има трењирано фудбал… Него друже виде бе Модриќ на 8. Септември роден на ден на нашата државност… Шо бе не е осми, кој бил, деветти септември? Шо има везе бе друже и на 9. ако треба ќе наздравиме за Лука… Мада оној џандарот друже… Како бе кој оној џандарот Макелеле, судијата… Осум минути продужуе бе…

Абе друже цела вечер ми се мота у глаа реченица „Поразот не е опција“… Се исполитизирав и јас да ти кажам право… Кој го имаше тоа на избори бе ко слоган а, се сеќаваш? Кизнае од кај ми се врти кај сум го чул, али сигурно од тоа уше од изборине ме држи… Него друже оној Депај каква ѕверотиња е, каква мускулатура има, го имаш ли видено… Аустроунгарците друже ме воодушевија така се игра фудбал бе, без тактизирање… Си подаваа Французите и Низоземците, ако им е сеа, уффф да испаднат колку ќе ми се напрај кејф… Него друже ќе речеш пак се фаќам за судии, ама шо е она бе миљон грешки друже… Се убија од грешење па земаа после и на ладно да дуваат…

Друже шо е бе она, оној Пикси каков тата какви бакрачи бе друже… Фудбалски аналфабет, табула раса, па друже него да му собереш шутеви цело првенство, ја појше влакна на глаа имам бе… Него остај тоа кажи ми друже кој освои Европско, Хрватска, Србија или Албанија, а друже? Си кажаа се шо имаа да си кажат, направија големи Србии, Хрватски, Албании и на крај сите дома… Ајде барем ќе се радуваат кој пред кого завршил, голем успех… Појше се радуваа другите коа ќе изгубеа, него они шо ке направеа… Е друже и Данска и Шведска исто така 2004… Толку шо се мразат, пошо нели комшии си наместија 2-2 и двете даље да идат… Епа друже исто така и на Балканов, пак ќе не глеа цела Европа ко дивтари некои, тоа е друже кратката приказна за овој прекрасен народ на овие простори друже…

Абе друже го глеам Мичка у студио на МТВ, друже па Мичка ти е боље трењер од минимум 20 на првенствово, ја ти гарантирам… Да ти каже тебе господин фудбал друже (глеам така ме викате а?) па Мичка да беше роден на друго место, а не у Македонија, лагано сеа ке водеше некоја земја на европско… Оној Тедеско црепот играше на реми бе, па ја да сум таму у сојуз на Белгија уше вечерва го бркам бе друже, не ни ја чекам Франција…

Еееее друже мој ги виде ли Грузијците? Е тоа е друже, и они имаат и химна и знаме ама отидоа и фудбал да играат… Не е бре друже, колку гласно ќе ја отпееш химната, абе фудбал треба да се игра… Ние битно се израдувавме што бевме таму… Тоа ми е криво друже, никад не користиме шанси коа ни се даваат… Сега коа глеам Грузија што прави, глеам и колку ние не искористивме да одиграме таму како што треба… Ние се радуевме што сме биле на првенство… Ееее… Браво за Грузија друже…

Него ај друже идам да требам ориз дома жена ми пиле ке праела, па се глеаме друже, ајде…

Се вчитува...