ГОСПОДИН ФУДБАЛ VOL.2: Изгубениот италијански идентитет, маказата на Џуд и намигнувањето на Карвахал

Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.


„Италијанците на теренот се како нивните војски во 1917 и 1943“

Друже абе шо ти реков, тури куќата на Швицарска… Абе леле да не беше мојава на име на жена ми, а и викав море жено веруј ми… Сеа друже ќе имав вила у Пефкохори, али не друже, не ме слуша она… Друже да ти кажам ја не се жени друже, само проблеми… Него жабарине друже тоа е го изгубија идентитетот, а ти друже знаеш дека коа ке го изгубиш идентитетот, се си изгуби, така и Итаљаниве друже…

Него како ти се викаше кучето бе друже? А? Немаш куче… Зашо се мислев дека имаш… Да ти кажам друже ја моено да се викаше Џиџи па сигурно за Охрид годинава ќе навивав… Како зашо бе друже Џиџи е трењер на Охрид… Не бе друже Џеки се вика, не Џиџи, али ти кажуем да се викаше… Епа нема Џеки фудбалер друже… Абе друже овој Матераци кај има глумено бе? Па нешо актер ко да чув дека бил, ја знам друже дека Кантона и Вини Џоунс дека глумеа, али од кај сеа и Матераци бе друже…

Друже кое годиште си ти бе, 94? Ја па мислев друже 96 дека си, викам таман сеа полнолетен ќе бидеш Џерманците тогаш задњи пут освоија европско… Како бе 30 години… Ау да бе друже ја се мислам 90ти се пред дваесет години друже… Друже шо е бе она канта ѓубре се исплаши пустиот најстресен ден у живот му е еден гром удри одма дувна прекин… Абе друже нема овој у Кадино играно…  92 ја друже облечен ко Роберто Баџо, да бе друже имав коса тоа време… Цементара -Кадино пријателска август месец негде друже… Коа се отвори небо абе играме друже судијата у кал го бањавме хе хе… Ама не може овие манекенчиња да играат, ипак Сане ако расипе косата друже… Го виде ли бе друже канта ѓубре, го виде ли… Абе може ли една утакмица да суди он да нема циркузи… Абе блентав, друже, блентав… Она да ми поништи у Цементара, нема добро да помине ја да ти кажам друже…

Друже многу ми е криво за нашине браќа Словаци… А тоа боса нога островска спремна беше да лета кучи… Али тоа е друже коа имаш играч на „кралот“… Како пеат она друже „Хеј Џуд донт менкин бренд“ не знам баш англиски али така нешо иде друже… Маказа у 94. ко Цујо Аврамовски со Украинците, али на овој му влезе, е тоа е друже разликата у миљони… Него оној Сотгејт на клупа шо им е друже, па знаеш ли ти што е Чалм за него… Мирзад Јонуз лично и персонално… Абе каки Сонгејт, Швицарска овие ги добија друже, лаганини да ти кажам јас, ставај куќата со се дворно земјиште…

Го виде друже Каравахал, шмекер… Како намигна на почеток на химните, малце се такви спротски шмекери… Друже он и наш Злате Мојсоски се сеќаваш како намигаше, еее шефе времиња… Бев у Ниш ја друже тогаш на првенство, горди бевме друже тогаш, абе на репрезентација горди петти у свет бевме, види го само на политика мисли… Шо да ти кажам друже изиграа Грузијците, али разлика у квалитет е друже…

Ајде друже идам сеа ја до зелено пазарче да видам кајмак дали има, да де друже тој Микиќ шо го зима, да бе друже актерот… ајде се глеаме…

Се вчитува...