Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.
„Се се враќа се се плаќа само младоста не, па и таа на Кристијано Роналдо“
Мореее солзи сами капат прости мииии…. Друже го виде ли бе друже…. Хахахахаха, абе друже малиов мој, т.е не е мал веќе волон дома шо го иам, коа имаше пет години вака ми плачеше у Макарска на одмор сладолед да му купам… Абе шо е она плачење бе друже, муж ли е она бе друже… Замисли Барези, Бекенбауер, Крујф, вака да плачеа бе… Многу ми е крив за Словенците нашите браќа, али оној Шешко, друже она и Робен ќе го дае, добро нема Робен да го даде, али ме разбираш, онде Баевски шо играше у репка лаганица пласираше… Да бе Бајо друже класа беше, се сеќаваш како дриблаше? Ајде не си толку млад го фати ти Бајо, еее друже како дриблаше Бајооо…
Она Француска – Белгиска друже фудбал ли е бе… Пуштам наапан да ја глеам возбуден ГГ1 и ГГ2 изиграна и друже свртев после у 15 минута, Вимблдон почна… Глеав друже Мијазаки – Корпач… Тенисон беше спектакл за фудбалот… Додуша и таму балони само те една те друга, али да не беше поарно на Француска – Белгиска…
Абе друже ГАКПО ми звучи ко име за некое здружение на пензионери со академски вредности кое се занимава со помош во општествената одговорност. ГАКПО – Скопје, со седиште во Велес… Каде бе друже со тој Гакпо ќе играат Европско… Али пијаното на клупа на Холандија вака така мастермајнд шо ќе речете вие младите… Со друштво со ограничена одговорност, Гакпо тие финале ќе играат друже… Ќе играат финале бе друже еве да го слушаш ти другар ти…
Друже ја да ти кажам нешо знаеш коа ја утнавме ние ко Македонци друже? Уше Пиколомини коа беше друже… Е како зашо дојде чумата го запали Скопје, Австроунгарците заминава, дојдова Турците и се после тоа е историја друже… Него слаб фудбал друже се на се…
Ајде друже се глеаме после четвртфиналињата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА