ГОСПОДИН ФУДБАЛ VOL.2: Француски предлог ни „плеснаа“ и во фудбалот…, Чесите без Оченаш – толку!

Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.


„Нголо Конте. Верува Дешам во него и во неговите нозе кои што се перпетум мобиле. Тој може да биде значаен фактор Франција да дојде во финалето“ 

Друже дај бе исплати ми ова два гола дава Лукаку со Словачка… Шо бе поништени? Немате вие тоа „ВАР не важи“ што гледав рекламата… Немате а? Епа затоа не сме Србија бе друже, затоа Србија е Србија… А кебапи нешо давате ли? Со пиво бе? Нема, ни тоа а? Шо кладиона ќе бевте бе друже, жена ми да дознае за ова ќе ми тргне забрана за доваѓање…

Румунцине друже „капут геганген“… Не збориш немачки а? Па затоа у кладиона ќе работиш цел живот… Оној ајдук Станко како ја опали, друже, ко Бошко Буха, бомба коа им здена на Џерманците у 43… Криво ми е друже коа глеам како Румунциве ја тепаа Украина, можевме и ние пред три години, али Цујо реши маказа у 95 да праи… Цујо бе, не го знаеш? Од тука е бе наше дете, па може и генерација сте….

Него глеам Франција вечерта, и слушам пола играчи непознати, се некои нови имиња… Тоа така да ги викале сеа, а не знам шо е работава, нешо разбрав некој француски предлог било… Не бе политика, види го знаеш мене не ме занима тоа… Предложиле од француска федерација и сеа сме морале така да ги викаме… И ние овој предлог без мишлење си го прифативме, хе-хе… Туку, оној Мбапе колку вредел друже? 200 миљони?… Па он друже ако вреди 200, наш Дарко Панчев 700 треба да вреди друже… Него друже коа ке запеат онаа „Мајонезата“ Французите, некако одма и мене ме понесува бе… Химната нивна бе друже „Мајонеза“, така се вика бе, слушај ме нешо ќе научиш… Многу моќна химна друже, се осеќам ко наш крал Александар у Марсеј и неговата Мињон, него она голманчето Мињо, да не е некој роџак бе на кралицата, а?…

Абе друже Грузија Свети Ѓорѓија ли ја има основано, а? Глеам бе друже и на грб им се наоѓа… Сеа химната убава, али не ја разбирам да ти кажам право, али плачеа на неа, ко нашиве у Букурешт, друже… Иначе друже и таму се поделени на проруси и проевропјани, абе луда работа друже, ова политикава ќе не сотре ко цивилизација… Али слушам, барем така викаат, коа игра репка сите се исто… Него друже замисли да бевме уше под турско ропско, па и Tурците да испратеа предлог за нивнине презимиња, знаеш шо ќе беше тоа ќе искршевме јазик, друже… Свака част за Грузијците друже, кидам капа, мушки одиграа бе, така се игра за грбот, за честа, за знамето, за јазикот… Штета, навистина штета, заслужија да тепаат… Али виде ли фудбал бе друже, тоа е фудбал, искачаш играш и то је то… А, не ко овие големите сили, да бе друже така ги викале големите сили… Излези на терен дај гол и пимплај…

Е то ти зборам пимплај, пимплај барај го Рошле, ене ти ги Португалците… Мада нема да ти се веруе кејф ми е шо ги тепаа Чехословаците, многу театар друже… Него глеам трењерот на Чехословачка Доминик Хашек, тој нели хокеар беше бе друже… Слушај сеа ова не сум ти кажал… Нели Чехословачка не тепаше сеа пријателска, онаа смејуриатa со оној Оченаш… Друже па у Баби Штип коа игра, судија мање влече за домашен тим… Туку шо сакав да ти кажам…  Нас не ни лежат екипи шо имаат јак хокеј… Озбилно ти кажуем секад губиме од нив… Чехословачка, Русија, Белорусија, Канада, САД…

Е друже знам дека ќе ја пишеш утре, али доста е од мене за 1. коло анализа, овие второ ќе се видиме за некој ден… Ајде друже остани ми поздравен…

Се вчитува...