ГОСПОДИН МВП: Нено е најкорисен кошаркар на Суперкупот на Италија

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ уште на самиот старт ја оправда довербата од Еторе Месина, откако беше клучен играч во освојувањето на првиот трофеј сезонава за италијанската Олимпија Милано.

Милано славеше во финалето по продолженија против Болоња со 98-96, а Македонецот повторно беше најдобар кошаркар во својот тим, откако забележа една МВП партија завршувајќи го мечот со 16 поени, надополнети со шест асистенции и пет скока.

Двете неверојатни партии во два дена му го донесоа и признанието најкорисен кошаркар на завршниот турнир. Ова е ново блескаво признание за најдобриот македонски кошаркар, откако пред две сезони беше МВП на финалната серија во ВТБ лигата, а минатата сезона го доби признанието за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од руската професионална лига.

 

Се вчитува...